Мојата кујна

Туфахии

Научете како да подготвите туфахии од нашиот видео рецепт.

Јаболка варени во сладок сируп, полнети со слатка смеса од ореви, збогатени со слатка павлака и сладок сируп од вишни, тоа се – Слатките туфахии!

Како и многу други ориентални слатки, тие се полни со шеќер и вкусни, едноставно се топат во устата.

Потребни состојки:

  • јаболки, 4 парчиња
  • ореви, 120 гр мелени
  • слатка павлака, 250 мл
  • лимон, 1 изрендана кора
  • компот од овошје, сируп од вишни
  • вода, 400 мл
  • шеќер, 400 гр
  • мед, 100 гр
  • ванилин шеќер, 10 гр

Чекор-по-чекор инструкции:

  1. Измијте ги јаболките, излупете ги и извадете ја средината.
  2. За сируп, ставете да се вари вода, шеќер, ванилин шеќер, мед и подготвените јаболки.
  3. Кога сирупот ќе зоврие, го намалуваме огнот и го готвиме уште 10 минути.
  4. Потоа извадете ги јаболките за да се изладат, а шеќерниот сируп продолжете да го готвите уште 20 минути.
  5. Потоа измешајте ги мелените ореви со половина од шеќерниот сируп и неколку лажици од шлагот направен од слатката павлака, со така добиени смеса се полнат јаболките, а потоа се истура остатокот од шеќерниот сируп одозгора.
  6. Секое јаболко дополнително се декорира со шлаг од слатката павлака, со по една вишна и сируп од вишна. Се служи изладено.

Write A Comment