← НАЗАД НА БОЗА

Турбо диета, за три дена рамен стомак

Турбо диета, за три дена рамен стомак
193 Читања

Ако спаѓате во оние 99% жени кои сакаат рамен стомак за кратко време тогаш тука е вашето решение. Ова е една кратка диета која трае само три дена и е многу ефикасна.

Прв ден

Појадок: една интегрална земичка со цели зрна, млечен намаз со ниска масленост, едно варено јајце и 20 гр свежа шунка.

Ручек: мисиркина шницла премачкана со сенф и рен, ролувана и испечена врело масло. Послужете ја со зелена салата.

Вечера: шпагети со пиперчиња. 100 гр шпагети сварете ги, а во меѓувреме направете го преливот. Една лута пиперка исецкајте ја и спржете ја на тивок оган, додајте и лук и пропржете. Ставете ги сварените шпагети во смесата и зачинете со бибер.

Втор ден

Појадок: две парчиња двопек. Едното парче премачкајте го со лажичка сенф и ставете одозгора тврдо сирење. Другото парче премачкајте го со смеса направена од две лажички шумско овошје, малку младо сирење и една лажица мед.

Ручек: ориз со зеленчук. 50 гр ориз, 100 гр тиквица, 100 гр шампињони, 150 гр морков, 1 домат, 40 гр грашок, една лажица масло, 40 мл супа, бибер. Најпрво обарете го оризот, а шампињоните, тиквицата, морковот и доматот исецкајте ги и динстајте ги со грашокот. Додајте го оризот, супата и биберот.

Вечера: пилешка салата. Потребно ви е 1 домат, половина јаболка, половина глацица црвен кромид, 2 лажици масло, една лажица балзамико, бибер, 70 гр пилешки гради, зелена салата, малку кикирики. Доматот, јаболкото и кромидот пропржете ги на една лажица масло. Додајте им балзамико, цол и бибер. Месото исечете го на тенки парчиња, па и него пропржете го во преостанатото масло. Ставете ги сите состојки во еден сад и промешајте.

Трет ден

Појадок: овошни мусли. Пола киви, една мандарина, еден орев, една лажица суво грозје, три лажици младо сирење, 45 гр корнфлекс, 50 мл млеко. Исецкајте го овошјето, измешајте ги состојките и уживајте во појадокот.

Ручек: лосос со спанаќ. 150 гр лосос попрскајте го со лимон и зачинете го па испечете го. Исецкајте го доматот и 250 гр спанаќот и со малку вода динстајте ги, убаво зачинети. Лососот прелијте го со смесата и послужете го со парче интегрален леб.

Вечера: Компир со сирење. 200 гр варен компир исецкајте го и додајте му еден домат исецкан на коцки. Додајте му 40 гр павлака, едно парче сирење, магдонос, бибер. Измешајте се убаво.

Во секој оброк го има потребниот додаток кој ги согорува калориите: сенф, бибер, рен, јаболков оцет…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk