← НАЗАД НА БОЗА

Уапсен DJ Моралес

Уапсен DJ Моралес
61 Читања

Популарниот DJ уапсен на аеродромот во Токио.

Американскиот диџеј Дејвид Моралес, беше уапсен вчера на аеродромот во Јапонија, поради помали количества на екстази пронајдени во рачниот багаж.

Моралес е задржан на аеродромот Фукока, по што беше пронајдена супстанцата МДМА, поради што беше уапсен.”Уапсен е поради кршење на законот за наркотици”, соопштија за медиумите од полицијата.

Дејвид Моралес  во рачниот багаж носел пет апчиња екстази (со тежина од 0,3 грама), но за полицијата одрекуваше дека се негови.”Некој можеби сака да ме намести”, изјавил DJ-от кој допатувал во земјата поради настап, пренесува “The Sankei Shimbun”.

Моралес стана ѕвезда на њујоршката денс сцена во осумдесетите и деведесетите години на минатиот век. Ги ремиксуваше хитовите на Мараја Кери, Арета Френклин, Мајкл Џексон …

Првата Греми номинација ја доби во 1996 година за песната “Fantasy” на Мараја Кери, а две години подоцна ја освои и престижната музичка награда.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk