Sweet Home

Украсете ги вашите ѕидови

Ви предлагаме три начини на украсување на ѕидовите дома каде може да ви помогне и најмладиот член!

Дали се сеќавате на колажот што го правевме на часот по ликовно?

Се што ви треба се колаж хартија, врвка, ножици, лепак, метални прстении украсна летва. Зависно од тоа колку е долга летвичката, измерите колку врвки ќе пуштите на завесата.

Летвичката закачете ја на ѕид, ставете околку метални прстени колку што ќе имам врвки и потоа одлучете во кој облик ќе ја сечете хартијата која ќе ја залепите на врвките, Кога секоја врвка ќе ја исполните со различки колаж форми, во нашиот случај тоа се срциња. Ставете ги врвките на летвичката и закачете ја украсната завеса над креветот или онаму каде вас најмногу ви одговара.

Друг предлог е да се направат хризантеми од хартија. На вас останува да ја одберете соодветната хартија во боја која сакате и да ги залепите листовите едни во други така што ќе се креирате цвет. Листовите може да бидат подеднаква величина.

Ѕидовите во кујната можат да бидат декорирани со стари садови или кујнски прибор. Во овој случај, калапите и останатите садови насликајте ги во живописни бои. Ова е начин како да се ослободите од старите садови или да ја тргнете тепсијата  што ќе ве потсети на постојано готвење или правењето тор  та.

 

Напиши коментар