Здраво тело

Уникатен пијалок кој ги чисти бубрезите!

Бубрезите се едни од највиталните органи во нашиот организам. Тие секојдневно филтрираат преку двеста литри крв со цел да ги елиминираат штетните материи кои ги внесуваме во организмот. Тие се во шутина, еден вид на одбрамбен механизам, па во текот на денот отстрануваат околу два литри отпадни материи и вишок на вода по пот на урината.

Премногу токсични материјали можат да предизвикаат заболување на бубрезите, уринарниот тракт и мокрачната бешика. Нивни најголеми непријатели се: солта, генетски модифицираната храна, протеини од животинско потекло, вештачки засладувачи, газирани пијалоци, кофеин и цигари.

За да ги прочистите бубрезите, би било добро да пиете големи количини на вода, но и следниов пијалок:

Состоjки:

* сок од половина лимон

* едно киви (излупено)

* половина чаша ореви

* една банана

* половина врзок магдонос

* една чаша вода

Сите состојки измиксајте ги во блендер и пијте го, најдобро наутро.

Напиши коментар