Убавина

Уникатна масажа за отстранување на брчките со лажица

Се препорачува оваа масажа да се прави со сребрена или златна лажица, но се разбира, доколку не располагате со таква, може да користите и обична. Оваа масажа е со уникатен лифтинг ефект.

За брчки по челото:

Загрејте една лажица, толку за да можете да ја трпите и направете 8 -10 спирални движења со неа од внатре кон надвор по челото.

За брчки околу носот и устата

Секое утро околу 15-20 минути правете масажа со лажица, така што ќе правите кружни движења околу усните и спирални движења по образите од центарот кон надвор. Исто така правете вертикални движења со лажицата по продолжение на самите брчки, нагоре, од усните, кон носот.

Доколку имате торбички под очите, изладете ја лажицата во ладна вода или во фрижидер и 5 пати поставете ја на горниот и долниот капак од окото.

На крајот нанесете навлажнувачка крема со кружни движења од внатрешниот кон надворешниот агол на окото.

Write A Comment