Убавина

Упатство за употреба: Дали правилно ја користите пресата за коса?

Денес речиси секоја девојка има преса за коса. Израмнувањето на влакната со високата температура на пресата е сосема вообичаена процедура низ која жените поминуваат кога се подготвуваат за некој настан. Меѓутоа, со секое движење вие на својата коса и нанесувате голема штета, особено кога не посветувате внимание на важни детали.

Постојат преси за влажна коса, но тие не се мера за тоа дали вашата коса ќе се оштети или нема. Ако имате обична преса, тогаш веднаш заборавете на израмнување на влажната коса. Затоа пред да ја пеглате, добро исушете ја косата и по десетина минути пеглајте ја дел по дел.

Постојат и разни препарати за заштита на косата, кои секако би требало да ги нанесете пред влакната да ги изложите на високи температури. Се препорачува и пресата да ја регулирате со температурата, значи не веднаш на најсилна температура, туку постепено да ја зголемувате, бидејќи на тој начин ќе го ослабнете влакното, а наместо сјајна и рамна коса како резултат ќе добиете испукани врвови и оштетена коса.

Пред пеглањето добро би било да се исфенирате. Потоа косата разделете ја на слоеви и пеглајте дел по дел. Сепак немојте премногу да ја задржувате косата додека пеглате, бидејќи нема да постигнете подобар или побрз ефект, а само повеќе ќе ја оштетите косата.

Водете сметка и за тоа прамените да не бидат преголеми бидејќи тогаш топлината нема рамномерно да се распореди по влакната. Во тој случај ќе добиете нееднакво испеглана коса.

Write A Comment