← НАЗАД НА БОЗА

УРЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ ДОМ КАКО ОД СПИСАНИЕ: Овие детали и осветлување ќе ја претворат вашата куќа во најтопло ќоше

УРЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ ДОМ КАКО ОД СПИСАНИЕ: Овие детали и осветлување ќе ја претворат вашата куќа во најтопло ќоше
84 Читања

Направете го секој агол од куќата во оаза на мирот и релаксацијата со атмосфера на планинска куќичка!

Доаѓа времето кога ќе уживаме се повеќе дома, опкружени со мили луѓе или во друштво на книги: изберете елегантни чаши, а златниот сјај е секогаш добредојден. Волнените ќебиња, земјените тонови, златните детали и огнената палета која што ја дава природата, ќе создадат удобен и топол ентериер за интимни есенски моменти.

Искористете ги сите дарови на природата за да создадете топла атмосфера, која ќе ве радува по есенската прошетка: и оваа сезона во тренд се веселите принтови. Дрвото е главен материјал за такво чувство, дури и кога станува збор за бањата.

Композицијата од неколку свеќи ќе создаде раскошен сјај што ќе им се допадне на романтичните души: ароматични свеќи со мирисни ноти на ванила ќе бидат вистински вовед во интимните вечери. Оплеменете го есенското катче со природни детали и фини ткаенини, а за атмосфера изберете амбиентално светло.

Каро дезенот не следи веќе неколку сезони, со тоа што варијациите се менуваат: овој пат побарајте крупен каро дезен со меки премини, а комбинацијата на два вида на кариран мотив е исто така дозволена.

Сè е подготвено да го запалите оганот, а дотогаш уживајте во ниските сончеви зраци што го осветлуваат аранжманот од пожолтени лисја. Дрвената масичка ќе ви помогне некому да му посакате добро утро или во попладневните саати, додека ја прелистувате вашата омилена книга, да послужите кафе!

Есенското доживување во домот најчесто е одредено од амбиенталното светло, и затоа обидете се малите чајни свеќички да бидат одговорни за добрата атмосфера.

Не заборавајте на деталите кои ќе им дадат акцент на боите, како што се ќебињата и перниците. Црвената боја наредната сезона ќе биде еден од водечките трендови, според предвидувањата на трендсетерите: таа му дава на просторот топлина и воведува доволно динамика, па затоа е одлична и за таваните!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk