Децата кои сакаат да ги гледаат “влијателни ѕвезди на YouTube” ќе го имаат овој здравствен проблем!
YouTube е сајт кон кој се стремат децата, и возрасните со цел да се забавуваат. Родителите обично внимаваат на содржините кои децата би ги гледале однапред, односно ги “прелетуваат” со поглед, и ако не најдат ништо насилно, несоодветно или контраверзно, им дозволуваат на децата да го гледаат клипот.
Сепак, она што може на прв поглед да изгледа безопасно, може да има влијание врз здравјето на вашето дете, предупредуваат експертите од Велика Британија.
Локалните најголеми ѕвезди на YouTube често им покажуваат на децата како пробуваат некои нови бонбони или гуми за џвакање, јадат во таа и таа слаткарница, го отвараат најголемото пакување од тоа и тоа…
Децата кои гледаат вакви содржини не се доволно упатени во начинот на кој светот функционира за да би знаеле дека YouTube ѕвездите се платени за да промовираат најразлични производи, вклучувајќи ги и слатките. На овој начин, нивната желба за нездрава храна ќе биде поголема, и потешко ќе ги убедите да не размислуваат за слатките ако штотуку слушале некој за кој сметаат дека е авторитет, како ги фали и препорачува. Ќе создадат нездрави навики што може да доведат до дебелеење или други проблеми.
“На телевизија, програмата која детето ја прати ќе биде суспендирана, ќе слушнете краток ѕингл или ќе има некаков знак дека она што следи сигурно е реклама.
На YouTube, детето не знае дека често и самата содржина е од рекламен тип”, предупреди д-р Ема Бојланд, шеф на истражувачкиот тим на Универзитетот во Ливерпул.
“На детето, кое ги сака и често ги прати некои од авторите на овој сајт, не му е лесно да утврди дали тој е искрен или дали нешто пробува и препорачува, бидејќи тоа е навистина добро, или затоа што е платен за тоа. Децата не ја прават таа разлика, тие гледаат и сакаат да се обидат “, вели таа.
“Ако на вашето дете му покажете телевизиска реклама, тоа ќе сака нешто да проба, но ќе биде свесно дека станува збор за промотивни активности. Ако омилениот YouTube-ер му зборува десет минути на тема бонбони, детето нема да препознае дека содржината е, во принцип, истото.
Ние веќе знаеме дека децата се под влијание на YouTube ѕвездите, сега ќе се утврди начинот на кој тие сфаќаат дека тие си ја вршат работата за која се платени “, вели д-р Ен Коутс, од истиот универзитет.