← НАЗАД НА БОЗА

Уште една причина за дремка во попладневните часови!

Уште една причина за дремка во попладневните часови!
28 Читања

Знаете како велат – сè е подобро кога ќе отспиете малку …

Постојат многу валидни причини за дремка: Поспани сте. На вашата мачка и е потребно друштво. Уморни сте.

Една нова студија покажа дека и кратката дремка значително придонесува за подобра мозочна функција. Попрецизно, тоа што малку ќе дремнете ќе ви помогне подобро да ги обработите информациите кои што несвесно сте ги примиле.

Еве уште еден одличен изговор за кратка дремка!

Истражувачите на Универзитетот во Бристол работеа на хипотезата дека “кратката дремка помага дури и во обработката на несвесни информации”. Со други зборови, тие истражуваа дали дремката може да ви помогне да разберете нешто што ви било тешко да го разберете.

Како што известуваат научниците на оваа студија, “информациите што ги собираме во текот на денот, во состојба на будност, потенцијално можат да бидат процесирани на некое подлабоко, поквалитетно ниво, за време на спиењето”.

Истражувачите им поставија две задачи на учесниците: првата бараше одговор на задачата која се состоеше од “маскирани информации”, а другата бараше одговор презентиран со помош на црвени или сини квадратчиња.

Потоа тие беа поделени во две групи, едната од нив имаше 90-минутна дремка, додека членовите на другата група беа будни, а потоа истиот тест беше повторен. Истражувачите ја мереле активноста на мозокот за време на експериментот.

Откако дремнаа, учесниците побрзо реагираа на задачата која содржеше скриени информации.

Според зборовите на авторите на истражувањето, д-р Лиз Култард и д-р Наташа Шаик ,се верува дека ова е доказ дека мозокот ги обработувал информациите за задачите во сон.

Научниците и претходно го демонстрирале ефектот на дремката врз сè, од меморијата, до расположението.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk