Совршена идеја ако мачите мака со тоа што да послужите за појадок или за вечера, а притоа и одлично решение како да го искористите стариот леб. Служете ги со јогурт или со сирење. Пријатно!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* ¼ векна стар леб
* 2 јајца
* малку млеко
* 2 рамни лажици брашно
* 1 пециво
* бибер, сол
* 100гр шунка
* 100гр сирење
* едно перце млад кромид
За преливот:
* 2 лажици мајонез
* 2 лажици јогурт
* малку зачин
* на врв од лажицата рен
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Лебот исечете го на ситни коцки и потопете го во малку млеко. За тоа време, изрендајте ја саламата и сирењето, јајцата изматете ги со вилушка, па додадете ги во лебот, како и брашното и пецивото. Оставете неколку минути да отстои, па пржете ги уштипците во врело масло. За сосот измешајте ги сите состојки, па ставете по едно лажиче на секој од уштипците.
