Дестинации

Велигденски остров – остров со мистериозно минато

Џејкоб Рогивен го дал ова име на островот затоа што го открил токму на Велигден во 1772 година. Рогивен во текот на истражувањата откако го пронашол островот открил дека на него има од 2000 до 3000 жители. Исто така забележал и необични камени статуи кои гледале кон морето. Овој остров му припаднал на Чиле во 1888 година, а во тоа време жителите кои биле на овој остров биле значително во помал број.

Резултат слика за uskrsnji ostrov

Овој остров и неговата историја се вечна мистерија. Сеуште не е откриено кој живеел тука, кој јазик се зборувал, ниту пак значењето на камените статуи.

Денес на овој остров живеат околу 3.791 жител и тоа е мешавина на неколку народи. Поголемиот дел од нив живеат во најголемата населба Ханг Роа. Овој остров има и најоддалечен аеродором во светот, на кој два пати во неделата слетуваат авиони кои ги носат љубопитните туристи од целиот свет, што претставува и главен приход на жителите на овој остров.

Напиши коментар