← НАЗАД НА БОЗА

Венчавка на балконот на Ромео и Јулија

Венчавка на балконот на Ромео и Јулија
68 Читања

Барате необично и романтично место за вашата венчавка, едно од поинтересните места за венчавка е Верона, поточно балконот за кој се верува дека е оној на Ромео и Јулија од познатата трагедија на Шекспир.

Првиот пар кој се венчал на балконот на Јулија се фудбалерот Лука Чекарели и неговата свршеница, Ирина Ламфорти.

Casa Di Giulietta (куќата на Џулија) се наоѓа во центарот на Верона и е една од најпосетените туристички знаменитости во Верона. Според легендата, куќата му припаѓала на семејството Капело и била одлична Шекспирова инспирација за приказната за Ромео и Јулија, но историски не постои вистински доказ за тоа.

“Верона е позната насекаде низ светот како град на љубовта”, рече градскиот официјален претставник Даниел Полато, кој посочи дека куќата на Јулија служи како место за склучување на бракови.

Цената за оваа необична венчавка е околу 900 евра за државјаните кои не се членки на ЕУ и 700 евра за државјаните на ЕУ.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk