← НАЗАД НА БОЗА

Вежби за помладо лице

Вежби за помладо лице
268 Читања

И без многу скапоцени креми и хируршки процедури, можно е да ги затегнете различните делови на лицето и да ги намалите брчките, одосно да ги отсраните трагите од стареењето.
Веѓи
Како и очите и кожата која ги опкружува е многу осетлива. Но на овој дел на лицето е видлива секоја, па и најмала брчка.  Постојат многу вежби за лице кои можат да ги намалт овие линии дути и да станат невидливи. Една од нив е – подигање на веѓите. С о прсти буткајте го веѓите нагоре колку што е можно повеќе, истовремено трепкајте. Останете така 30 секунди, па вежбата повторете ја повеќе пати.
Очи
Ставете по два прста на секоја страна од слепоочниците. Отворете ги очите и брзо затворете. Повторете пет пати. Или, обидете се со ова, нежно замижете и така, со затворени очи, “гледајте” горе па долу, што повеќе можете, не напрегајќи ги очите. Повторете 10 пати.
Чело
Ова е уште една област, склона на брчки, а особено важи за делот меѓу веѓите. За да го избегнете тоа или да ги намалите постоечките линии обидете се со овие едноставни важби. Прво силно стиснете ги усните, па буткајте ги веѓите надолу (како да сакате да ги повлечете во склопот на очните капаци). Повторете пет пати. Следна, лесна вежба, можете да ја правите во кревет. Со широко отворени очи држете ги веѓите што повеќе можете. Правете го тоа десет минути, но пред секое повторување направете пауза.
Усни
Нив е најлесно да ги доведете во посакуваната состојба. За почеток, едноставно преклопете ги една со друга, па подигајте ги до носот. Во оваа позиција останете пет секунди. Друга добра вежба подразбира устата да биде затворена, а забите од горната  долната вилица притиснати една над други. Сега насмејте се што е можно пошироко, но без отворање на устата. Останете така пет секунди. Опуштени, намуртете ги усните како да сакате да испратите бакнеж. Останете така пет секунди. Вежбата повторете ја десет пати.
Образи
Најпрво завземете опуштена, седечка позиција. Гледајте право (најдобро е да се фокусирате на одреден предмет), па позиционирајте ги усните како да сакате да испратите бакнеж. Поентата е во тоа да почувствувате дека нешто се случува со мускулите на образите (дека сте на добар пат ќе утврдите кога ќе ги допрете јаболчниците). Останете во оваа положба десет секунди, па повторете дест пати.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk