Ако сте љубител на кафе, подготвивме рецепт за десерт кој ќе ви се допадне. Покрај тоа што ќе уживате во интензивниот вкус на кафе, ќе уживате и во освежувачка комбинација на сладолед, нане и кафе, што е вистинскиот избор за топли летни денови.
Состојки:
1л кафе
1л вода
30гр кафеав шеќер
50гр топена чоколада за готвење
Неколку листови од нане
Чоколаден сладолед
Подготовка:
Прво сварете го кафето без шеќер, користете околу 50-60гр инстант или мелено кафе. Ако сакате поинтензивен вкус, можете да ставите и повеќе. Кога кафетоќе се лади, додајте вода и добро се измешајте. Додадете шеќер. Измешајте додека шеќерот не се стопи.
Ставете го десертот во коцкастметален сад и ставете го во замрзнувач најмалку 4 часа. На крај стопете чоколадо и полејте го замрзнатиот колач. Послужете во чаша, користете лажичка за сладолед, истурете го стопеното чоколадо, додајте нане и декорирајте по желба. Најдобро е да го додадете сладолед направена од ванила или бело чоколадо врз овој ладен десерт од кафе.