ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1л млеко
* 250гр шеќер
* 30гр желатин
* 3 шлаг креми од ванила
* 250гр мелени ореви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Млекото и шеќерот сварете ги. Во малку млеко растопете го желатинот и додадете го во свареното млеко. Откако смесата ќе се излади изматете ја убаво со помош на миксер. Посебно изматете 3 креми од ванила па додадете ги во претходната смеса. Во калап за печење додадете ги оревите, малку фил, повтроно ореви и продолжете со истиот редослед се додека не го потрошите целиот фил. Украсете по желба.
