← НАЗАД НА БОЗА

Вкусни орасници со маскарпоне крем

Вкусни орасници со маскарпоне крем
506 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 лажици брашно

* 120гр шеќер во прав

* 200гр сецкани ореви

* 2 белки

* 2 лажици какао

ЗА КРЕМОТ:

* 50гр шеќер во прав

* 1 ванила

* 100гр маскарпоне

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги матиме белките како снег заедно со шеќерот, на топло.
  • Ги додаваме брашното, какаото и сецканите ореви.
  • Со помош на лажичка ја истураме смесата на купчиња во тава претходно намачкана со масло и посипана со брашно.
  • Печеме на умерена температура.
  • За кремот: во еден сад го мешаме маскарпонето со шеќерот во прав.
  • Ја додаваме ванилата и повторно матиме до добивање на хомогена смеса.
  • Со добиениот крем ги лепиме орасниците.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk