Фактот што како возрасни имаме повеќе одговорност и моќ не значи нужно дека и се правиме подобро од своите деца.
Всушност, децата се подобри во многу работи кои ги земаме здраво за готово, тие се повешти, па затоа би требало да се потсетиме за што станува збор.
Креативност
Само дете може на прашањето „Дали ти го истури сокот?“ да одговори: „Не, мравката повраќаше“.
Учење нови работи
Докажано е дека најбрзо учиме во предучилишна возраст.
Совладување на технологиите
Децата не се плашат дека нешто ќе расипат, па слободно ги истражуваат сите можности на електронските уреди.
Мултитаскинг
Децата имаат многу енергија. Ако им кажете да ја наместат својата соба, ќе го направат тоа играјќи, грицкајќи чоколатце и гледајќи цртан филм.
Адаптација
Кога ќе се случи некоја голема промена во животот, како преселување, децата, ако им се пружат добри услови, многу брзо ќе се прилагодат.
Склопување пријателства
Кога последен пат сте седнале покрај некоја непозната личност, сте и рекле дека има убава коса или блуза, и на тој начин сте склопиле пријателство? Децата тоа го прават.
Опростување
Многу мал број деца заминуваат на спиење налутени и како такви се разбудуваат и наредниот ден. Најчесто и забораваат зошто се налутиле.
Забавување
На децата малку им е потребно за забава. Повеќето од нив се воодушевени од пакетчето паломи кои можат да ги кинат и од пластичните чаши во кои можат да градат кули, да ставаат песок и сл. Обичното стапче се претвора во меч, метла, коњ…
Безусловна љубов
На вашето дете не му е важно дали сте дебели или ќелави. Ве сакаат без оглед на се.
Прегратка
Децата не се плашат да ја прегрнат личноста што ја сакаат.
Искреност
Децата се брутално искрени и не ги маскираат очигледните работи со ублажени изрази или уверување во спротивното.
Љубопитност
Нема подобар начин за учење и образование од искрената љубопитност и поставувањето бројни прашања. Децата во тоа се неуморни.
