Нутриционистот Синтија Сас, која го смислила овој пијалок, вели дека освен што ги топи килограмите, има и позитивен ефект врз варењето и ја намалува надуеноста.
Потребно е:
*8 чаши вода
*1 лажиче изрендан корен од ѓумбир
*1 свежа краставица со средна големина, излупена и исечена на тенки кришки.
*1 лимон со средна големина
*12 листови нане (мента)
Подготовка:
Сите состојки ги мешате со вода и оставаате да преноќи. Пијалокот козумирајте го следниот ден.
Нутриционистката тврди дека со редовно конзумирање на овој пијалок и со умерена физичка активност, ќе добиете рамен стомак.
