← НАЗАД НА БОЗА

Волшебните точки на лицето: Како да ја излечиме настинката и да го отстраниме заморот за неколку минути?

Волшебните точки на лицето: Како да ја излечиме настинката и да го отстраниме заморот за неколку минути?
282 Читања

По долго стоење пред компјутер или по долго возење сосема е нормално очите да се почувствуваат изморени. А заедно си нив и целото тело. Но, заморот можете да го отстраните само за една минута, доколку знаете кои се точките кои треба да гсе масираат. Ние ги нарековме волшебни, бидејќи навистина бргу ќе ви олеснат и не чинат ништо.

При умор

Точка 1 – Внатрешниот агол на окото. Масирајте го од двете старани околу една минута.

Точка 2 – Таа вклучува 3 точки-внатрешен раб, средината и надворешниот раб на веѓите. Со двете раце истовремено масирајте ги двете веѓи околу 30-40 секунди.

Точка 3 – Таа се наоѓа помеѓу очите и претставува една блага грпка, нема начин да не ја напипате. Масирајте ја околу 30 секунди.

Точка 4 – Таа се наоѓа на околу еден санитиметар под средината на окото. Масирајте ја истовремено и под двете очи.

Масажата претставува кружно движење со врвот на прстите, без разлика во која насока. Најважно е да почувствувате притисок, но не и да доживеете болка. Откако ќе ги измасирате овие точки, ќе се почувстувате навистина свежи и поздрави.

Настинка

Настинката може да биде многу непријатна и понекогаш вистинско малтретирање. Но можеме да му помогнеме на нашиот организам брзо да се избори со неа. И тоа само за 5 минути

Точка 1 – Погоре споменавме каде точно се наоѓа. Масирајте ја околу една минута.

Точка 2 – Слепочиците. Тука масажата трае две минути и треба да биде многу нежна.

Точка 3 – Две симетрични точки во основата на носот, во близина на работ на очните јаболка. Масирајте ги истовремено околу една минута.

Точка 4 – Две точки, кои се наоѓаат на околу половина сантиметар од секоја ноздра. Тука можете и посилно да притискате за време на масажата. А таа треба да трае околу една минута.

И тоа е тоа! Можеме самите да си помогнеме при настинка и замор. Значи, не двоумете се и пробајте ја оваа масажа.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk