← НАЗАД НА БОЗА

Време е за ужина: Здрави меѓуоброци, кои ќе ви помогнат во губењето на тежината

Време е за ужина: Здрави меѓуоброци, кои ќе ви помогнат во губењето на тежината
73 Читања

Ужини, односно времето во кое меѓу оброците успат само “грицкаме” нешто, веројатно се најголемиот непријател при губењето на тежината, за сите нас.

Проблемот е во тоа што, во периодот помеѓу два оброка, обично посегнуваме кон нездрави грицки, но ако би ја смениле таа навика и како ужина би вклучиле здрави, мали оброци, можеби поефикасно би ја губеле тежината, бидејќи тоа ќе го забрза метаболизмот преку режим на исхрана што се состои од 5 помали оброци.

Еве неколку совети за здрави закуски кои можат да бидат идеална ужина ако сакате да изгубите тежина:

Mix од јаткасти плодови

Направете мешавина од бадеми, ореви, индијски ореви, лешници и печени кикирики, на која ќе и додадете малку суво овошје.

Изедете една шака од овие плодови и ќе бидете сити до ручек, но не претерувајте, бидејќи дури иако спаѓаат во здрава ужинка, јаткастите плодови се многу калорични.

Природен овошен јогурт

Наместо да купувате овошен јогурт полн со шеќер, ставете во јогуртот и свежо овошје и промешајте, за да го почувствувате целосниот вкус на овошјето и да избегнете вештачки засладувачи.

Јајце и тост

Оваа половична порција од појадокот, ќе биде идеална ужинка ако сте многу гладни и ви треба нешто што ќе ве држи сити до ручек.

На вас останува да одлучите дали ќе јадете варено или пржено јајце со парче тост, но важно е да изедете само едно јајце, бидејќи сепак станува збор за ужинка, која количински треба да биде помала од регуларниот појадок.

Пуканки

Пуканките се идеална ужина, која не поправа. Покрај тоа, можете да користите разни зачини за да добиете поинтересен вкус на своите домашни пуканки.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk