Сите домаќинки знаат – колку и да ја уредуваат куќата или станот, секогаш ќе имаат работа. Сепак, постојат некои места во домот кои се многу валкани, а во повеќето од нив не сте ни сомневале.
Ви ги претставуваме петте нај валкани места во куќата!
Сунѓер за миење садови
Сунѓерите и крпите за миење на садови редовно покажуваат позитивни резултати на бактериски тестови, како што се салмонела, ешерихија коли и стафилококи. По секоја употреба исплакнете го сунѓер или крпата со топла вода, исцедете ги и оставете ги да се исушат.
Мијалник
Во мијалникот обично има повеќе од 500.000 бактерии – десет пати повеќе од просечните тоалети .
Ножевите и даските за сецкање кои се во контакт со месото се полни со потенцијални патогени.
Домашни апарати
Далечинските управувачи и компјутерските тастатури се наоѓаат на врвот на листата на “заразени” предмети. Веројатно често ви се случува да јадете и грицкате нешто додека ги менувате вашите телевизиски канали или додека седите пред компјутер, оставајќи ги зад себе маснотиите, во тој случај бактериите почнуваат да се размножат.
Теписи
Тепихот во дневната соба и ходникот, каде што секој поминува, може да има 200.000 бактерии. Во неа ќе најдете влакна од вашето милениче, трошки од храна, полен….
Крпите во бањата
Ако пешкирот останува влажен за 20 минути или повеќе, бактериите почнуваат да се размножуваат. Би било добро да ги задржите крпите во бањата на специјални решетки, затоа што ќе биде полесно да се вентилира и да се исуши.