Cafe Del Mar

За две недели седум килограми помалку: Јапонска диета што ги топи масните наслаги

Овој рестриктивен режим на исхрана може да се спроведе во секое време од годината.

Најтешки се првите два дена кога телото се прилагодува на помала количина на храна.

Јапонската диета трае две недели и во овој период можат да се изгубат до седум килограми. Оваа рестриктивна исхрана може да се спроведе во секое време од годината, бидејќи прехранбените производи вклучени во оваа диета се достапни во текот на целата година.

Јапонците се познати како здрава нација, а за нивниот добар здравствен картон, според експертите, здравата исхрана има голем удел.

Придржувањето кон правилата диктирани од јапонската диета е најтешко во првите два до три дена. Потоа телото се прилагодува на помал внес на храна, но исто така се прилагодува и на видот на храна, кој преовладува во оваа диета.

Прв ден

Појадок: чај, двопек

Ручек: две тврдо варени јајца, варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол

Вечера: риба на скара или варена

Втор ден

Појадок: црно кафе, парче црн леб

Ручек: риба на скара, салата од зеленчук или зелка со растително масло

Вечера: 200 гр варено говедско месо, чаша јогурт

Трет ден

Појадок: црно кафе, двопек од црн леб

Ручек: поголема печена тиквичка, јаболки

Вечера: две тврдо варени јајца, 200 гр варено говедско месо, свежа салата од зелка со растително масло

Четврт ден

Појадок: црно кафе

Ручек: ровко јајце, три големи варени моркови со растително масло, 15 гр тврдо сирење

Вечера: овошје

Петти ден

Појадок: свеж морков, сок од лимон

Ручек: варена или печена риба, чаша сок од домати без сол

Вечера: овошје

За две недели ќе имате седум килограми помалку.

Напиши коментар