Кажавте ДА на најважното прашање во вашиот живот и сега не знаете од каде да почнете со подготовките за големиот ден?
Свадбата бара многу подготовки и посветено време и колку порано ги спремите сите работи, толку помал ќе биде притисокот, кој ќе го имате пред доаѓањето на тој важен ден.
Фризурата е секако детаљ на кој треба да му обрнете посебно внимание, да се избере фризура која ќе биде соодветна на фустанот и целокупниот изглед.
Следните туторијали ќе ви помогнат како чекор по чекор да ги направите овие невестински фризури, а да не фрлите цело богатство во фризерски салон.