Денот на венчавката е стресен за сите кои учествуваат во него.
Родителите, кумовите, пријателите, сите кои имаат некое важно задолжение, бидејќи се трудат се да изгледа точно како што треба. Невестата и младоженецот веројатно се борат со сопствените стравови. Освен што треба да ги исполнат сите очекувања, веројатно ги мачи и нервозата. Пред најважнот чекор што ќе го направат во животот, еве за што размислуваат мажите:
- Се женам! Секој маж е возбуден бидејќи избира животен сопатник кој што го сака и знае колку е среќен што успеал да најде таков човек.
- Немо да се расплачеш. Дури и оние најхрабрите може да се расплачат во моментот кога го изговараат судбоносното “ДА” или кога за прв пат ќе ја видат својата сопруга во венчаница.
- Се надевам дека изгледам добро! Можеби сепак требаше да облечам друга кошула! До крајот на животот ќе ги гледам тие слики, па сакам да изгледам совршено.
- Морам во тоалет. Од нервоза секој момент чувствуваме потреба да одиме на тоалет, па подобро е да се отиде два-три (или пет-шест) пати пред почетокот на церемонијата, отколку да стравува дека ќе се посрамоти во црква.
- Треба нешто да се напие. По можност, нешто алкохолно. Можеби би било корисно да испие некоја чаша со пријател кој ќе му прави друштво и веднаш да го тргне шишето за да се запре само на една чаша.