И покрај предупредувањата за штетата на прекумерна изложеност на сонце, многу луѓе не можат да му одолеат на сончањето.
И покрај предупредувањата на лекарите за штетата на прекумерна изложеност на сонце, многумина не можат да му одолеат на сончањето и завршуваат со црвенило и изгореници на кожата, кои, за среќа, може да се ублажат со ладни облоги и купки.
Во газа ставете суви овесни снегулки, натопете ја со ладна вода, потоа кашата исфрлете ја, а газата и водата употребете ја како облога. Овесните снегулки (1 чаша) исто така можете да ги истурите во када. Ќе делува како мелем на кожата. Или во половина литар ладна вода, истурете половина шише оцет, натопете крпа и ставете ја да делува 15 до 20 минути на болната кожа. Купката се прави со ставање две чаши оцет во када со ладна вода, во која ќе лежите половина час.