← НАЗАД НА БОЗА

Заедничките активности го чуваат бракот

Заедничките активности го чуваат бракот
93 Читања

На почетокот на врската, многу парови уживаат во заедничките активности, без разлика дали се работи само за во кино, трчање, шетање. Како што поминува времето, и односот станува постабилен, се релаксира и секој е посветен на своите обврски. Но тука грешат, бидејќи заедничките активности ја чуваат блискоста, велат научниците.

Дури и паровите кои го слават 30-годишниот брак имаат корист од заедничките активности. Луѓето привлекуваат позитивна енергија од авантурите што ги доживуваат заедно, објаснуваат научниците. Нема потреба да скокаат со падобран, еланот ќе им се врати само со заедничко излегување. И токму ова е тајната на среќните парови, тие уживаат во заедничките активности, во готвењето, вечерните прошетки, се до гледање на омилените серии.

Но, постои едно нешто. Овие активности треба да ги практикувате затоа што навистина ги сакате, не затоа што сметате дека е неопходно. Само тогаш ќе се појават придобивките.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk