Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ почина на 29.07.2018 во 5 часот наутро во Сплитската болница на 71 годишна возраст. Великанот на хрватската музичка сцена почина точно година дена откако му беше дијагностициран рак на бели дробови.
Тажната вест го потврдило и семејството на Оливер, пренесува “Јутарни лист”.
Тој ги остави сопругата Весна, синот Дино и близнаците Дамир и Давор.
Оливер е роден на 07.012.1947 година во Сплит, а детството го има поминато во Вела Лука на Корчула. Музиката ја засакал уште како дете кога татко му му подарил усна хармоника. Првиот настап му бил на Сплитскиот фестивал кога имал само 14 години со песната “Балони”, а две години подоцна почнал и професионално да се занимава со музика како пејач и клавијатург во сплитската група Батали.
Во текот на својата долгогодишна кариера остварил низа успеси, освоил 30-тина Порини во различни категории и е еден од ретките хрватски музичари кој може да се пофали со настапите во Њујоршката Карнеги Хол, лондонската Ројал Албер Хол, париската Олимпиј Опера Хаус во Сиднеј.