Брчките под очите можат да се појават од различни причини и во помладата возраст. Тоа зависи од здравствената состојба, квалитетот на шминката или едностано како последица од мимиките кои ги правиме. Кожата околу очите е многу тенка и чувствителна, така што првите брчки околу неа се појавуваат брзо.
Следниве природни рецепти ќе ви помогнат во грижата на проблематичната зона околу очите.
Во топло млеко ставете срединка од парче леб, така што да добиете мека каша. Нанесете околу очите и почекајте 15-20 минути. Потоа исплакнете со топла вода.
Измешајте една белка од јајце, една лажица мед и една лажца брашно. Претходо растопете го медот на пареа, за да го направите течен. Нанесете врз зоната околу очите и почекајте, додека се исуши. Потоа нежно исплакнете.
Изрендајте ситно еден компир и кон него додадете павлака, така што да добиете еднаква смеса. Нанесете ја под очите и почекајте 15-20 минути. За тоа време на горите капаци можете да ставите вреќичка зелен чај. Тоа ќе ви помогне не само за брчките, туку и за темните кругови по очите.
