Виткањето со проѕирна фолија стана популарна козметичка процедура, чиј ефект се базира на создавање на ефект на стакленик. Ова ја зголемува циркулацијата на крвта и работата на потните жлезди со што се елиминираат токсините и штетните материи. Виткањето со фолија за домаќинство се користи за слабеење, детоксикација на организмот и подобрување на квалитетот на кожата. Постојат различни начини на виткање во фолија, и секој од нив е продуктивен на свој начин .
Денес ви предлагаме две најефикасни методи на виткање со фолија за слабеење, детоксикација и ослободување од целулит.
Медени облоги :
Загрејте мед во мал сад, додадете една жолчка и неколку капки цитрусово етерично масло (лимон, портокал или масло од јојоба) . Нанесете ја оваа мешавина на проблематичните делови од телото ( нозете, стомакот, бутините…) и цврсто замотајте се со фолија за домаќинство. Облечете топла облека, лежете така во кревет и покријте се со топло ќебе. По еден час тргнете ја фолијата и истуширајте се.
Виткање во фолија со глина
Антицелулитното виткање со глина е најдобар начин за согорување на масните наслаги. Најдобро е да земете плава глина бидејќи содржи голем број микроелементи кои благотворно влијаат на кожата. Разредете мала количина од плава глина со топла вода до состојба на павлака и рамномерно нанесете ја смесата на проблематичните места. Замотајте се со фолијата, облечете топла облека и оставете ја еден час. За тоа време можете да работите и некои физички вежби. Виткањето со фолија треба да се прави најмалку 2 пати неделно и бргу ќе се изненадите од фантастичните резултати! Можете да се ослободите не само од масните наслаги и целулит туку и стриите. При спроведување на процедурата на виткање вашата кожа ке се засити со корисни микроелементи. Ќе стане глатка, нежна и еластична. Пред постапката на виткање со фолијата, за подобар фект пожелно е да направите пилинг на телото.
Предности на фолијата за домаќинство за слабеење:
Ако се занимавате со фитнес или правите физички вежби три пати неделно, и при тоа се виткате во фолија на проблематичните места на телото и исто така ја регулирате вашата исхрана – во тек на една недела можете лесно да изгубитем 2 – 3 килограми.
Фолијата за домаќинство не е воопшто скапа – можеме да си ја дозволиме. Можете да ја завиткате не само на стомакот, туку и на рацете и нозете. Помага во обликување на телото.
Кога се потите – тогаш и слабеете. Фолијата е идеална варијанта!
Напомена : Виткањето со фолија е контраиндикативно кај лица со болно срце, висок притисок, и други кардиоваскуларни болести и проширени вени.
