← НАЗАД НА БОЗА

ЗДРАВA ОПЦИЈА НА БРЗА ХРАНА : бомбици со сирење и маслинки

ЗДРАВA ОПЦИЈА НА БРЗА ХРАНА : бомбици со сирење и маслинки
151 Читања

Ова брзо и вкусно јадење можете да го спакувате и однесете на работа како здрав оброк.

Состојки:

  • 250 г маслинки
  • 250 г сирење
  • магдонос
  • 50 гр путер или маргарин
  • 100 гр ореви
  • посолете и зачинете по желба
  • маслинки или магдонос за декорација

Подготовка:

Смелете ореви, магданосот ситно исецкајте го, а маслинките исечете ги на 4-6 парчиња. Изматете го путерот да стане пенест. Додадете сирење и продолжете да матите, па додадете ореви и магдонос.

Сите состојки соединете ги, посолете, ставете маслинки и измешајте повторно.

Направете бомбици со влажни раце и декорирајте со маслинки или магдонос.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk