← НАЗАД НА БОЗА

ЗЕЛЕНАТА ДИЕТА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ: Таа е идеална за оние кои најтешко ги губат килограмите

ЗЕЛЕНАТА ДИЕТА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ: Таа е идеална за оние кои најтешко ги губат килограмите
47 Читања

Зелената исхрана ги топи килограмите кај оние лица на кои им е најтешко да ослабат.

Главните прехранбени продукти потребни за оваа диета се овошје, зеленчук и интегрални житарици.

Витамините, минералите и другите хранливи материи, со кои е богата храната која мора да се консумира во оваа диета, го ослободуваат телото од токсини и обезбедуваат здраво губење на тежината.

Секој ден се користи истиот распоред, но многу е важно да се комбинираат различни видови на прехранбени продукти. Кога ќе се разбудите, прво испијте чаша овошен сок. Пример за мени:

Појадок: Свежо овошје

Ужина: Свеж зеленчук (салата), тост од интегрално брашно или супа (пилешка, телешка) или чаша млеко

Ручек: Свеж зеленчук и компир или наместо компир можете да јадете ориз или парче сирење

Вечера: Мешана салата.

Забелешка: Компирот секогаш се јаде со салата. Не комбинирате го овошјето со ништо друго и не јадете го веднаш по конзумирањето на другата храна, а најдобро е да се јаде на празен стомак.

По конзумирање на зелениот зеленчук, почекајте најмалку 30 минути, а по компирот и оризот, треба да почекате најмалку 3 часа пред да го јадете овошјето. Млекото, исто така, не треба да се комбинира со друга храна.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk