Здраво тело

Зелениот чај го штити мозокот од стареење

Јапонските научници заклучиле дека луѓето кои редовно пијат зелен чај се изложени  на помал ризик да при стареењето доживеат подобрување на менталните функции.

Со истражувањето на повеќе од 1000 јапонци постари од 70 години, покажало дека што повеќе пијат зелен чај, толку е поголема нивната шанса во староста да ги зачуваат когнитивните способности. Овој заклучок е донесен врз основа на лабораторискиот експеримент, кој покажал дека некои одредени состојки на зелениот чај ги штитат мозочните ќелии од оштетување, како оние кои настануваат при Алцхајмеровата и Паркинсовата болест.

Научниците претпоставуваат дека потенцијалните позитивни ефекти на зелениот чај можат да бидат одговорни за тоа што во Јапонија, каде што луѓето традиционално пијат во голема мера зелен чај, бележи значително понизок степен на деменција.

Истражувачите заклучиле дека постарите луѓе кои пијат две или повеќе чаши зелен чај дневно имаат двојно помалку шанси да доживеат когнитивно оштетување, во однос на оние кои пијат три или помалку чаши зелен чај неделно.

Напиши коментар