Здраво тело

Женската убавина и здравје доаѓаат од ленот

Ги хармонизира хормоните, го поправа тенот, ги заштитува коските и зглобовите, ја ублажува мигрената, ги отстранува токсините …

Лененото семе е богат извор на тиамин, рибофлавин, пиридоксин, фолна киселина, пантотенска киселина, ниацин. Содржи и бројни минерали – бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, железо, калциум и цинк, што кажува доволно за извонредното лековито богатство.

Посебно важно е да се истакне дека ленот е одличен извор на алфа-линоленска киселина, од која со комплексен биохемиски процес се добиваат омега-3 масни киселини, кои на повеќе начини поволно делуваат на организмот, ги смируваатна воспаленијата и болките поврзани со артритис, остеопороза, мигрена. Омега-3 масните киселини исто така имаат влијание врз намалувањето на високиот крвен притисок и на холестеролот, а некои студии покажуваат дека можат да влијаат и на дијабетесот.

Ленот со право може да се класифицира како суперпроизвод, бидејќи неговото богатство со омега-3 масни киселини го надминува и рибиното масло, а е и одличен антиоксиданс, поради што не треба да не чуди што има моќ да ја поправи и женската хормонална слика.

Веруваме дека дневно конзумирање на лажица сурово, нерафинирано ленено масло, добиено со ладно цедење, прелиено преку половина чаша немрсно свежо сирење, може да го спаси животот, затоа нема причина да не му дадете шанса.

Напиши коментар