Здраво тело

Житариците го зголемуваат нивото на шеќер

Чинија млеко со корнфлекс некогаш се сметаше за здрав појадок, но сега научниците предупредуваат дека тоа може значително да го зголеми нивото на шеќер во крвта, дури и кај здравите луѓе.

Нивото на шеќер во крвта се менува во текот на денот во зависност од активностите, метаболизмот, храната што ја јадеме, особено варира кај луѓето кои доручкувале житарици, покажува една студија на Универзитетот Стенфорд. Случајно дојде до ова откритие. Научниците всушност тестираа нов уред за постојано следење на гликозата во крвта. Се работи за мал имплант под кожата кој испраќа податоци до паметниот телефон и дава длабок увид во тоа како нивото на гликоза се менува во текот на денот.

Во една студија која траеше четири години, учествуваа здрави личности, оние со дијабетес и оние со преддијабетес, вкупно беа 57.  Доста здрави луѓе имале високо ниво на гликоза речиси како дијабетичари. Затоа научниците издвојиле подгрупи од 30 луѓе и ги ставиле на  контролиран режим на исхрана. Испитаниците појадувале протеинско чоколадо, сендвич со путер од кикирики, корнфлекс со млеко. Изненадувачки е тоа што последниот појадок го зголемил нивото на шеќер во крвта. Дури 80% од испитаниците доживеале пораст на гликоза по овој навидум едноставен појадок.

Напиши коментар