← НАЗАД НА БОЗА

Живеј го Париз како Коко Шанел

Живеј го Париз како Коко Шанел
51 Читања

Иако не е родена парижанка, неоспорлива е љубовта и впечатокот на Париз врз Коко  и обратно. Во градот на светлината, Габриел била и останала модна икона.

Најголемата поврзаност со животниот стил на Коко Шанел има хотелот Ритц во кој живеела 34 години. Хотелот се наоѓа на плоштадот Вендом,а ентериерот на нејзиниот апартман е отсликување на нејзиниот стил. Украсен со лакирани ѕидови, позлатени лавови, црно-бели тонови и многубројни огледала. Влијанието на Коко врз хотелот Ритц останал и денес, така што цената на ноќевање за време на модната недела во Париз достигнува и до 28 илјади евра.

Меѓутоа она што ја прави Коко Шанел она што е денес е нејзината продавница на 31 Rue Cambon. Пред да се пресели во Ритц, Коко Шанел живеела на оваа адреса, еден спрат над продавницата. Освен што работела и живеела таму, Коко одржувала и ревии и разни случувања. До 1935 година во своја сопственост имала 5 згради од истата улица, што ја прави незаборавна дестинација за секој обожавател на славната дизајнерка.

За да се опушти Коко одела во cafe Angelika на Ру де Риволи каде јадела Mont Blanc колач и уживала во топло чоколадо. За вечера одела  во Le Grand Vefour, ресторан со десетгодисхна традиција, а потоа одела во Theatre des Champs Elysees.

Таа била обожавател на уметноста и во нејзината соба во Ритц имала многу ислустрации и фотографии. Нејзиниот паришки живот е отслика и во нејзиниот парфем Chanel no.5. Ако го ставите и самите ќе го осетите мирисот на модната икона.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk