← НАЗАД НА БОЗА

Животни лекции кои не се учат на училиште, а вашето дете треба да ги знае

Животни лекции кои не се учат на училиште, а вашето дете треба да ги знае
43 Читања

Постојат неколку животни лекции кои учителите нема да му ги кажат на вашето дете, туку вие морате сами да го научите за нив колку што можете повеќе.

Ниту едно дете нема прилика овие работи да ги научи на училиште, затоа родители додајте ги овие лекции на вашиот список:

1. Основи на финансиите

Не се мисли на некој предмет од економијата, туку за рационалното располагање со парите. Направете домашен буџет и разговарајте со детето каде и како да ги троши парите.


2. Разбирање на кредитите

Научите детето дека позајмувањето на пари никогаш не е бесплатно.


3. Лични комуникациски вештини

Децата често комуницираат преку смс, социјалните мрежи и разни апликации, затоа на вас е да го научите детето да разговара очи во очи.


4. Моќта на преговарањето

Сите ја учиме оваа вештина низ животот, за подоцна да имаме добри темели за квалитена моќ за преговарање.


5. Емоционална интелигенција

Децата ги учиме за зачувување на физичкото здравје, но забораваме на емоционалното. Затоа е важно да го научите да управува со стресот, грижите и емоциите.


6. Управување со времето

Научете го детето како да остане организирано, сконцентрирано и продуктивно, бидејќи подоцна во животот навистина ќе има потреба од тоа.


7. Основи на готвењето

За да знаете дека детето секогаш и секаде ќе умее да се снајде за јадење, научете го да ги подготвува основните јадења.


8. Прва помош

Во училиштата децата се среќаваат со теорија, односно кратка лекција за прва помош. Но, важно е вие практично да го научите како да пружи прва помош.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk