Motherhood

Животот повеќе не е само твој … Стана татко !

Многу татковци се загрижени поради големите промени кои мора да ги направат за да ја преземат новата улога. Обично не ја сфаќаат битната вистина за татковството, што е разбирливо. Постојат толку татковци ветерани кои се уште ја немаат прифатено. Која е простата,  но потполна вистина ?

Не се работи за Вас !!!

Кога ќе го добиете Вашето прво дете, знаете дека Вашиот живот се променил засекогаш, но потребно е малку време за да сфатите колку… Веројатно го вкусивте делот додека Вашата сопруга беше бремена, излегувајќи во пресрет на нејзините единствени потреби. Но, сега на ова мало суштество му е потреба константна грижа и нега. Добрата состојба на бебето сега е главен приоритет во Вашата куќа. Вашиот распоред на спиење повеќе не е важен, важен е оној на бебето. Како татко, навикнете се на тоа, сепак … Не се работи за Вас !!!

 

До сега, можеби сте биле добра личност, сте се труделе да мислите на туѓите потреби, сте посветувале повеќе време на Вашата сопруга како добар сопруг, едноставно, сте знаеле дека на крајот од денот можете да го правите она што Вие го сакате.

Ќе дојде момент кога сето тоа ќе Ве доведе до лудило. Дури и кога ќе го прифатите фактот дека жртвувањето е важен дел од татковството, „ кревање раце “ од нешто во што уживате, не е баш забавно… Ова се однесува на гледањето важен спортски натпревар, слободата да одите во продавница, кога Вам ќе Ви падне на памет, интимноста со сопругата, дури нема да можете спокојно да јадете… И тогаш, кога ќе помислите дека сте направиле сé, откривате дека постои уште едно нешто во кое уживате, а мора да го ставите на страна, бидејќи сте татко !!!

Совет за новите татковци, за сите татковци, е истото, да го сфатат што побргу. Очекувајте прекин во нешто што го правите и бидете подготвени да заборавите на подолгото време. Кога ќе почнете да чувствувате фрустрација, смислете начин, што попозитивно да се изборите со неа. Гледајте ја пошироката слика… Пронајдете радост во малите нешта и моменти. Замислете, сето она што сакате да го правите, ќе го правите во следните години, со Вашиот син или Вашата ќерка…

Да се биде татко, значи жртвување на некои лични претензии и задоволства на некое време, за да може вистински да се посетите на Вашите деца. Децата ќе бидат главен приоритет и извор на радост во куќата, така што, сé поретко ќе размислувате за останатите работи кои претходно Ве мачеле. Едноставно, излезете во пресрет на потребите на детето, менувањето пелени, лулањето додека не заспие. Ова ќе биде најдобрата инвестиција што сте ја направиле во текот на овој ден. Инвестирањето во своите деца вреди. Вреди, за секоја жртва, што сепак може да се поднесе…

И запомнете… Не се работи за Вас – се работи за Вашето семејство !!! Сега нештата се поинакви… Тоа е добро! Станавте грижлив и совесен татко, што е најголем благослов. Тоа што уште првите денови се врзувате за Вашето најмило, ќе Ви се исплати во годините кои доаѓаат…

Не се работи за Вас – се работи за најголемото богатство кое го стекнавте !!!

Write A Comment