← НАЗАД НА БОЗА

Жолтиот чај е идеален пијалок за слабеење и смирување

Жолтиот чај е идеален пијалок за слабеење и смирување
64 Читања

Жолтиот чај, иако посебен, тесно е поврзан со зелениот чај затоа што станува збор за истата билка – Camelia Sinensis. Тој се бере порано и се смета дека содржи повеќе антиоксиданси кои се губат за време на растот.

Жолтиот чај како и зелениот содржи кофеин, па не претерувајте со количината на конзумирање и не пијте го пред спиење. Добар е за здравјето и претставува голема помош при губењето на тежината.

Жолтиот чај, иако е добар за здравјето, е најпознат како добар начин за губење на тежината. Тајната на овој пијалок е во ензимот кој изобилува со полифеноли на епигалокатехин галати (EGCG). Ја стимулира оксидацијата на мастите, т.е. го стимулира согорувањето на вишокот маснотии и ја зголемува потрошувачката на енергија. Некои тврдат дека комбинацијата на жолтиот чај со умерената исхрана може да помогне при отстранувањето на пет килограми во еден месец.

Во нормални количини, тој влијае врз здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем, го нормализира притисокот и ја зголемува потрошувачката на енергија. Секојдневната конзумација на една чаша чај дневно е идеална за здравјето.

Ќе ја смири болката, нервите и ќе ја зголеми концентрацијата. Исто така, го чува здравјето на усната шуплина бидејќи го спречува крварењето на непцата, а со тоа и паѓањето на забите.

Како се подготвува жолтиот чај?

Методот е приближно ист како и кога се подготвува бел чај, што значи дека треба да се подготви со малку “поладна” вода. Загрејте ја водата на 165 степени и оставете ја да се излади неколку минути. Ставете во чаша една лажичка чај и прелијте го со вода. Оставете го покриен три минути и послужете го.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk