← НАЗАД НА БОЗА

Зимски пилинг од цитрус кој можете да го направите дома

Зимски пилинг од цитрус кој можете да го направите дома
138 Читања

Мирисен препарат за кој вашата кожа ќе ви биде благодарна.

Зимата е време кога цитрусот го има во изобилство.

Покрај тоа што имаат пријатен освежувачки мирис на портокал, во грејпфрутот и лимонот се кријат многу од својствата кои би и се допаднале на вашата кожа.

Сокот од лимон може да помогне во регулирањето на мрсната кожа, да ги осветли флеките и пегите од сонцето и да го изедначи тенот.

Високиот процент на витамин Ц е важен за избелување на кожата, освен во лимоните, нормално, го има и во портокалите и грејпфрутот, кој исто така го стимулира производството на колаген и ја зајакнува фиброзната структура на кожата.

Нивните овошни киселини помагаат да се отстранат мртвите клетки на кожата и го прават лицето нежно и сјајно.

Затоа, нема причина да не го пробате природниот пилинг од цитрус, кој може да се користи по целото тело.

Потреби состојки:

  • неколку лажици сува кора од непрскан портокал, лимон или грејпфрут
  • Базно масло (бадемово или маслиново масло)онолку колку е потребно за да се направи густа паста
  • една лажица каша од јачмен
  • 6 капки есенцијално масло од цитрус (портокал, грејпфрут, мандарина, лимон)

Иситнете ја кората од портокал и лимон во блендерот. Измешајте ја добиената смеса со останатите состојки додека не добиете паста, а потоа ставете ја во сад.

Пилингот користете го двапати неделно или по потреба и уживајте во моќта на цитрусот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk