← НАЗАД НА БОЗА

Златно правило за употреба на шампонот за суво миење на косата

Златно правило за употреба на шампонот за суво миење на косата
146 Читања

Шампон за суво миење, спас е за оние денови, кога косата може да преживее, ако не се измие уште еден ден, но сакаме да изгледа чиста.

Покрај тоа, има голема примена, кога сакаме дополнително да и додадеме волумен на нашата коса.

Се употребува сосема едноставно, испрскајте го по темето на главата, втријте со прстите и расчешлајте ја косата. Меѓутоа, овој beauty производ, честопати го користиме кога сме во брзање, пред да излеземе од дома.

Многу фризери советуваат шампонот за суво миење да се нанесува пред спиење и велат дека дури наутро ќе го видиме неговиот вистински ефект.

Во текот на ноќта производот ќе има доволно време да ги собере сите маснотии и навистина да ја одработи својата работа.

Пред спиење, обилно испрскајте ја косата со шампонот за суво миење, врзете ја лесно во реп и така преспијте. Кога ќе се разбудите, пуштете ја косата и само лесно исчешлајте ја.

Коса ќе ви биде полна со волумен, мека и сјајна.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk