Cafe Del Mar

Знаете ли што е тоа мачкина јога?

Судејќи по фотографиите на интернетот ова е најновиот тренд за луѓето кои ги сакаат мачките и јогата. Мора да признаеме дека ова е еден од виралните трендови на интернетот кој навистина ни се допаѓа.

Во последно време во Америка е вистински хит да се држат часови за јога за луѓе и мачки, и токму имаме еден таков пример од Илиноис кој стана вистинска интернет сензација. Сопственичка на јога центар во соработка со центарот за азил на животни, организирала учество на мачките во еден од часовите за да се соберат пари за азил. Часот бил толку успешен, така што не собрале само пари, туку биле вдомени и многу мачки кои учествувале на часот.

Од тој момент мачкината јога е апсолутен хит, кој полека но сигурно се шири низ светот. Ако сакате мачки, а немате домашен миленик ова е одличен начин да се дружите со овие животни. Распрашајте се дали во вашиот град постојат јога центри и доколку има обавезно да ги посетите, бидејќи тоа би било едно сосема ново искуство.

Јогата и мачките совршено се сложуваат бидејќи поголемиот број на јога пози се инспирирани токму од овие грациозни животни. Видете ги фотографиите да видите како изгледаат на дело.

Write A Comment