Motherhood

Знаете ли што сѐ може да се наследи од родителите?

Освен боја на очи, од родителите можете да наследите и висок холестерол, ќелавост и љубов кон пиењето кафе.

Често ја слушате, и во позитивен и во негативен контекст, оваа реченица: „Ист/а си како татко ти/мајка/ти!“. За тоа се задолжени гените кои ги пренесуваат информациите од родителите на децата.

Имате кафеави очи како вашата мајка и долги нозе како вашиот татко. Ваквите работи се неверојатни кога размислувате за нив, ги наследуваме физичките атрибути од нашите родители, од копиите на нивните гени. Но тоа не е единственото што се наследува. Еве што се може да биде наследно:

Високо ниво на холестерол

Многу луѓе веруваат дека високото ниво на холестерол е поврзано со она што јадат. Но понекогаш високото ниво на холестерол не зависи од вашиот начин на живот, туку од вашите гени. Околу 1 на секои 500 луѓе имаат посебна генетска мутација која доведува до акумулација на холестерол во крвта. Овие луѓе ќе имаат високо ниво на оваа супстанција дури и ако јадат само зеленчук.

Ќелавоста кај мажите доаѓа од мајката

Еден од гените кој игра главна улога кога станува збор за ќелавоста на мажите и се наоѓа во Х хромозомот, мажите го наследуваат од своите мајки. Но пред да ја обвините за ова наследство, земете предвид дека постојат и други гени кои тука имаат своја улога, вклучувајќи ги и оние кои се наследени од таткото. Исто така, факторите за заштита на животната средина имаат влијание врз губењето на косата.

Интелектуален успех

Кога родителите го караат своето дете поради лошиот успех во училиште, секогаш истакнуваат дека тие биле подобри на негови години. Ова навистина има смисол затоа што и ова се наследува. Илјадници гени се директно одговорни за тоа колку сте добри во училиште. Значи, ако вашите родители покажувале извонредни способности во текот на школувањето, и вие имате гоем потенцијал.

Љубов кон кафето

Ако пиете многу кафе, за тоа се целосно виновни гените. Научниците спровеле компаративна студија со луѓе кои не можат да живеат без кафе и оние кои можат.
Излегло дека втората група имала одреден збор од гени поради кој бавно апсорбирале кофеин. Тоа значело ддека тие немале посебна потреба да пијат кафе редовно за да го зголемат нивото на енергија.

Дијабетес во адолесценцијата

Дијабетесот од тип 2 обично се развива помеѓу повозрасни лица. Но понекогаш тоа се случува и кај децата и адолесцентите со активен животен стил.
Ова е познато како дијабетес на почеток од зрелоста на младите и се појавува како резултатна генетска мутација, иако приина може да биде и лошата исхрана.

Неразликувањето на одредени бои доаѓа од вашата мајка

Неможноста за разликување на одредени бои е често нешто што се наследува преку гените. Генот кој го произведува често го наследуваат синовите од своите мајки, а ќерките од татковците.

Нетолерантност на лактоза

Тоа би можело да изгеда изненадувачки, но 65 отсто од возрасните имаат намалена способност да ја сварат лактозата, а за тоа е одговорен одреден ген.
Кога е детето се уште мало и потребно му е млеко за опстанок, телото создава ензим за варење на лактоза. Меѓутоа, кога тоа лице ќе стане повозрасно, неговата способност за апсорпција на млечни производи паѓа.

Само мал дел од луѓето имаат ген за толеранција на лактоза, што значи дека можат ефикасно да го варат млекото без никакви проблеми на било која возраст.

Способност да возите автомобил

Научницте потврдиле дека немаат сите вродена способност за возење автомобил. Можете да ги научите правилата и да положите возачки, но ако имате посебни гени кои влијаат врз вашата способност да се ориентирате, врз брзината на вашите реакции или на вашето сеќавање, а сте лош возач значи дека тоа и не е добра идеја. Ако сте притоа и вознемирени, постои голем ризик од предизвикување на несреќа. Научниците сметаат дека овие гени ги имаат дури 30 отсто од луѓето.

Кратковидост

Ако двајцата родители го имаат овој проблем, тогаш ризикот да го има и детето е околу 50 отсто.
Меѓутоа, научниците сметаат дека не може апсолутно се да ѝ препишеме на генетиката. Оние кои трошат помалку време седејќи зад компјутер и избегнуваат да ги напрегаат очите, имаат помали шанси за ова.

Популарност

Можеби звучи неверојатно, но тајната на популарноста на личноста е скриена во нејзините гени. Научниците од Харвард дошле до овој заклучок после долгогодишно истражување.
Тие веруваат дека и во минатото постоеле такви кои имале драгоцени информации за изворите на храна или за опасностостите, и биле во центарот на вниманието на одредено општество.
Овие луѓе им ги пренесувале своите гени на потомците. Луѓето кои ги наследиле се популарни помеѓу врсниците и луѓето често сакаат со нив да бидат пријатели.

Напиши коментар