Motherhood

Знаете ли зошто бананата е најдобрата храна за вашето бебе?

Покрај јаболкото, крушата, компирите и морковот, бананата е една од првите намирници кои се воведуваат при дохрана на бебињата, и тоа уште од петиот или шестиот месец од животот на бебето.

Ако досега не сте знаеле и сте се прашулае зошто токму бананата е една од намирниците со кои се почнува ранењето на децата, сега ќе наведеме неколку важни факти.

Освен што бананата е многу хранлива, таа исто така лесно се вари и многу ретко предизвикува алергии, што го потврдува фактот дека треба е една од подобрите намирници за да се почне со дохранувањето на бебето.

Но покрај овие факти, бананата е одличен извор на калиум, протеини и сложени јаглехидрати, како и бројни витамини и минерали. Во однос на јаболките, бананите содржат двојно повеќе фосфор, пет пати повеќе витамин А и железо како и два пати повеќе од сите останати витамини и минерали.

Освен тоа, содржи и трифосфат, аминокиселини кои телото ги претвора во серотонин, ензим задолжен за опуштање и подобрување на расположението кај бебињата.

За дохрана користите зрели банани кои полесно се варат за разлика од зелените кои може да придонесaт за запек. Сепак бананата не мора да биде токму најпрвиот избор за дохрана, бидејќи слаткиот вкус може да направи проблем при пробување на останати вкусови кај бебето. Затоа е најдобро бананата да се комбинира со јаболко, круша или житарки, додека бебето не се навикне и на другите вкусови.

Write A Comment