Дали некогаш сте забележале дека на обравчињата на многу мали бебиња, во првите денови од раѓањето, нема солзи дури ни кога плачат со сета сила? Еве зошто.

Ако имате деца, знаете како тоа оди со новороденчиња: им менувате пелени, ги храните, ги држите да изждригнат, а потоа тие сеуште не сакаат да спијат, туку викаат со сета сила …
Лицето им е згрчено, очињата затворени, кожата станува се поцрвена од секунда во секунда, и навистина ги ставаат тие мали бели дробови на сериозен тест.
Тогаш започнувате да се преиспитувате, сигурни сте дека вашето бебе не е ниту гладно, ниту жедно, не му е ниту топло ниту ладно, пелената е сува … Тогаш, зошто плаче? Дали само се преправа? И така не гледате солзи?
Па … не. Ова плачење без солзи не е достојно за Оскар, новородените деца плачат така на “суво”, бидејќи нивните жлезди за плачење се развиваат по нивното раѓање.
Повеќето бебиња ќе почне да плачат со солзи околу две недели по раѓањето, но понекогаш овој период без солзи може да се пролонгира и во следните два месеци, бидејќи развојот на жлездите за плачење може да оди малку побавно.
Жлездите за плачење се во облик на бадем и се наоѓаат под горните очни капаци во надворешниот агол на окото, создаваат солзи кои ги одржуваат очите влажни.
“Тие се како облак кој произведува дожд. Солзите потоа поминуваат преку окото и имате и систем за одводнување, солзните канали во внатрешниот агол на окото”, објаснува д-р Филип Шервуд, педијатар, според британскиот “Мирор”.
“Колку солзи ќе се слеваат по образите, кога плачеме, зависи од тоа колку е добар солзниот канал, и колку солзи создаваат жлездите за плачење.”
Но, бидејќи новородените деца немаат жлезди за плачење, немаат ни солзи во текот на првите неколку недели.
