← НАЗАД НА БОЗА

Зошто е добро секој ден да се прегрнува некој?

Зошто е добро секој ден да се прегрнува некој?
52 Читања

Истражувањата покажаа дека прегратката од драга личност има поголемо влијание врз човечката психа отколку што можете да си замислите.

Се покажа дека прегратката ги интензивира позитивните, истовремено намалувајќи ги негативните чувства. Во ова истражување учествуваа околу 400 испитаници, а позитивниот ефект на прегратката беше докажан без оглед на полот, возраста, брачниот статус.

Ова истражување исто така покажа дека физичкиот контакт ги стимулира корисните физиолошки промени, поради лачењето на окситоцинот, хормонот на љубовта.

Позитивниот ефект на прегратката, исто така, зависи од тоа кој не прегрнува.

Со преградката изразувате љубов и поддршка за луѓето за кои се грижите, затоа, секој ден подарете му љубов на некого и примете нечија преградка со широка насмевка.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk