Bridal

Зошто е потребно додатно осветлување?

“Максимумот од просторот е извлечен со детално и планирано поставување на осветлувањето. Само со осветлувањето можат да се потенцираат сите клучни моменти на венчавката”.

Изведувачите кои што сте ги ангажирале користат осветлување кое е исклучиво наменето за нив, односно за оној дел од просторот во кој што се наоѓаат. Но, што е со големиот остаток од просторот што остана делумно осветлен, односно осветлен со обично бело осветлување што го нуди салата? (лустери, светилки, итн.).

Со дополнително осветлување постигнуваме уникатен ефект и токму тоа е она што ќе го “оживее” и освежи просторот. Секој фотограф и снимател ќе се согласат дека е потребно дополнително осветлување за да се добиете добар фото или видео материјал.

Само на овој начин може да се постигне максимална естетика и ексклузивност која што е потребна за да се постигне совршена атмосфера на вашата венчавка.

Со осмислено и детално испланирано поставување на осветлувањето, се извлекува максимумот од просторот, т.е. салата што ја избравте. Само со осветлување можат да се нагласат сите клучни моменти на вашата венчавка.

Ќе откриеме некои од начините на кои што можете да ја “зачините” вашата свадба со осветлување:

  • боење на комплетната сала во бои од различни нијанси
  • боење на масата на младенците
  • Осветлување на подиумот за танцување со light-show уреди
  • испишување на имињата на младенците на ѕидовите
  • следење на младенците со светлосен топ (прв танц, сечење на тортата)
  • поставување на уреди за специјални ефекти (диспензер на балончиња, машина за чад, машина за низок чад, генератор на снег, генератор на пена итн …).

 

 

Write A Comment