← НАЗАД НА БОЗА

Зошто е важно таткото да учествува во грижата за детето од првиот ден: Првите три месеци се од клучно значење!

Зошто е важно таткото да учествува во грижата за детето од првиот ден: Првите три месеци се од клучно значење!
56 Читања

Мажи, мора да заборавите на стравот.

Освен мајката, татковците имаат важна улога во развојот на детето, од најрано доба!

Иако мажите неретко се повлекуваат во првите месеци од животот на детето, бидејќи сѐ уште не успеваат да се снајдат во својата нова улога, психолозите велат дека тие баш тогаш мора да бидат исклучително ангажирани и присутни.

Студијата покажа дека децата кои ги поминале првите три месеци од својот живот со своите татковци ќе имаат подобра когнитивна способност отколку децата чии татковци не биле ангажирани околу нив во првите месеци.

Научниците го следеле односот на 128 татковци и нивните деца и откриле дека бебињата чии татковци имале постојана интеракција со нив биле ментално многу посилни од децата кои биле лишени од вниманието на нивниот татко во најраната возраст.

Менталната активност на бебињата кои учествувале во студијата била измерена кога бебињата биле на два месеци. Се покажа дека бебињата кои поминале повеќе време со своите татковци биле ментално понапредни, побрзо размислувале и полесно ги совладувале новите вештини.

Исто така, беше откриено дека полот на бебето не игра важна улога во резултатите од студијата.

Татковци, заборавете на стравот и активирајте се околу своите деца уште од самиот почеток!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk