Здраво тело

Зошто за време на менструација може да имате дури и до 5 килограми повеќе?

Добивањето килограми за време на менструацијата е една од работите која им нема смисла на жените. Имено, припадничка на женскиот пол во периодот на менструацијата добива до два килограми, а тоа се причините заради кои жените се чувствуваат надуени за време на циклусот.

 

Огромна потреба за голема количина на храна.

Кога сте во циклус не бирате што да јадете, особено за закуски и слатки, бидејќи тоа е најлесниот начин да стигнете до нив. Но, дали мислите дека сите оние јагленохидрати дополнително го забрзуваат задржувањето на водата во телото? Тоа е токму една од причините зошто се чувствувате подуена.

 

Прогестеронот како “непријател”

 

Нивото на прогестерон се зголемува во втората половина на менструалниот циклус, предизвикувајќи задржување на водата, натеченост на градите и покачување на тежината поради водата што се задржува во телото. Кај некои жени, градите може да растат дури и за еден број. Поради “бустерот” на прогестерон, телото ја црпи течноста од крвните садови и ја пренесува во ткивото, кое, според една теорија, се јавува поради тоа што телото се подготвува за оплодување. Ако оплодувањето или бременоста не се јават, нивото на прогестерон паѓа, а телото се враќа во поранешната состојба.

 

 

 

Килограми и после менструација

 

Како што велат експертите, во текот на менструацијата можете да добиете до 5 килограми, многу е важно да пиете колку што е можно повеќе течност и да го јадете повеќе протеини. Има случаи каде што ако добиете масти за време на циклусот, тој вишок останува дури и по завршувањето на истиот.

 

 

 

Ги прескокнувате вежбите

 

Само затоа што се чувствувате изнемоштено и имате болна менструација, не треба да се откажете рутината за вежбање која ја имате. Движењето и потењето, како и на другите денови од месецот, всушност може да ви помогнат да се чувствувате подобро. Со потење, ќе се елиминира вишокот на вода, а хормонот ендорфин, повеќе се лачи кога сме физички активни и ги ублажува грчевите.

Напиши коментар