Motherhood

14 часа на ден: Мајчинството е подеднакво на работата на две и пол работни места

Мајките признаа дека извршувањето на сите обврски, кои им се протегаат во 14 часа на ден, им ги олеснуваат големите количини на кафе.

Тие се чувствуваат како некој вид на погонско гориво за целото семејство.

Мајчинството е најубавата и најсложена работа во светот. Но, научниците пресметале колку е тешко, со оглед на тоа што грижата за децата е целодневна задача.

Истражувањето спроведено во Америка во кое учествуваа 2000 мајки на деца помеѓу 5 и 12 години покажаа дека мајчинството е еднакво на тоа како да работите на две и пол работни места на ден!

Кога тоа ќе се пресмета во текот на една работна недела, се добива број од 14 часа дневно.

Така, просечната мајка започнува да работи секој ден помеѓу 6 и 6:30 и не застанува до 20:30, а многу често и подолго.

Мајките кои учествувале во истражувањето рекоа дека се чувствуваат среќни ако успеат да одделат еден час за себе во текот на денот.

Дури 40 проценти од мајките велат дека честопати чувствуваат дека нивните денови поминуваат исклучително во континуирано извршување на различни задачи и дека нивната “to do” листа никогаш не завршува.

На прашањето да истакнат што им го олеснува извршувањето на дневните обврски, мајките изјавиле дека тоа се големите количини на кафе, игри и ТВ емисии за деца, YouTube …

Истражувањето покажа дека мајките можат да се споредат со спасувачите, бидејќи поради многуте обврски имаат и обврска да бидат еден вид на погонско гориво за целото семејство, но заклучокот е дека да се биде мајка несомнено е најодговорната и најубавата работа во светот.

Напиши коментар